2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗА РЕК ЌЕ ИМА ЈАГЛЕН И ПО 2050 ГОДИНА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

Јануари 18, 2020

„Согласно Стратегија за долгорочно снабдување на РЕК Битола со јаглен за период 2016-2046, изработена во 2017 година, произлегува дека од технолошко-технички аспект, државата има можност да ги искористува резервите од јаглен до нивното исцрпување, што според сегашното ниво на расположливи податоци и врз основа на стратегиските определби од актуелните стратегии на ЕСМ, се посочува на периодот до и после 2050 година, одговори Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ,  на прашањето колкави се резервите на јаглен и до кога би можел РЕК Битола да работи, во интервјуто дадено за Македонско радио.

 

Тој за 2020 година рече дека согласно планот за производство, АД ЕСМ, планира да произведе вкупно 4.472 МWh електрична енергија, од кои 74 % ќе бидат произведени од термоцентралите, 24% од хидроцентралите и 2% од Ветерниот парк Богданци. Во планот не е предвидено, но исто така очекуваат во текот на есента да потечат и првите киловати електрична енергија од сонце, односно од фотонапонска електрана во Осломеј, чија изградба во моментов е во тек.

„Компанијата направи цена на електричната енергија од 34,5 евра по мегават час која му ја понуди на универзалниот снабдувач. Тоа значи дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи“, рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани