АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Тој ден, 27-ми април им тежи на сите а најповеќе на нас, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој ден што значи една црна дамка за демократија во Република Македонија, народот кој си ја сакаше државата, испровоциран од настаните што се случуваа во Собранието, влезе на еден мирољубив начин со песна, на ист начин како што протестираше 75 дена. Ние денес го добиваме епитетот на терористи.
Ние кои на еден храбар начин го издржавме тоа во Собранието, на еден храбар начин заедно со колегите кои сега се во притвор, всушност не сме терористи, не сме насилници, ние сме пратеници кои носиме законски решенија за доброто на граѓаните. Тој 27-ми април треба да е срам за тие кои го направија и кои го обвинија нашиот македонски народ и го нарекоа „оној народ што влезе“, уметници, режисерти, обични луѓе што си ја сакаа државата, влегоа со песна и со цвеќе, да ги наречат теросристи, рече пратеничката од Битола, Лилјана Кузмановска, на протестот пред Министерството за правда, организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.