АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола го менува својот лик, а со реконструкцијата се создаваат далеку подобри услови за 310 ученици кои престојуваат во домот. Од фотографиите направени пред реконструкцијата и по неа, може добро да се види во какви услови престојувале учениците, а како сега изгледаат нивните соби за што од Министерството за образование и наука се вложени 110 илјади евра.
-Со моето доаѓање како директор на оваа инстуитуција, заедно со вработените, направивме тим и покажавме голем успех, затоа што реконструктивните зафати во изминатите 38 години беа реткост. За првпат во домот добивме донација од Министерство за образовнае и наука за мебел, шкафови, кревети, јоги, масички, столици, канцелариски мебел со што ликот на домот се измени, а тенденцијата на зголемување на бројот на ученици е во постојан пораст, вели Елена Спасеновска, директо на ДУД „Мирка Гинова“ од Битола.
Со сопствени средства во ДУД „Мирка Гинова“ реновирани се и санитраните јазли, кои беа во катастрофална сосотјба и не ги исполнуваа елементарните критериуми за ваква установа.
-Ги реновиравме тоалетите на двата ката бидејќи беа на границата на употребливост со записници на инспекциите кои шо укжауваа на тоа дека во тој изминатат период не беше ништо направено за реконстуркција на тоалетите. Исто така од Министерството за образование и наука добивме и донација од 700 илјади денари за набавка на кујнски апарати и друга опрема во кујната. Набавивме и апарат конветомат кој што е наменет за приготвување на здрава храна, што е многу важно за исхраната кај учениците. Ние сме една од ретките установи што го имаме тој апарат кој е многу скап, а ние имаме можност ги следиме светските трендови за здрава храна, вели Спасеновска.
Во домот исто така се смествуваат и гости кои што учествуваат на разни манифестаии во градот, а установата спонзорира и спортски клубови, со што, како што вели Спасеновска, даваат свој придонес за развој на Општината и градот.
-Обрнуваме внимание и на постојано усовршување на вработените, тие следат семинари и обуки, со што го подобруваат воспитно-образовниот процес и целокупното живеење на младите. И во иднина секако ќе се трудиме да направиме уште повеќе за ДУД „Мирка Гинова“, бараме нови донации за да го завршиме целосно обновувањето и се надевам дека за скоро ќе можеме да се пофалиме со целосна реконструкција на домот, кој што е од големо значење за учениците кои што претсојуваат тука од целата држават, вели Спасеновска.
Е.М.
Состојба пред реконструкција на тоалетите во ДУД „Мирка Гинова“-Битола
Состојба по реконструкција на тоалетите во ДУД „Мирка Гинова“-Битола
Фотографии од реконструираните соби, занимални и други простории во ДУ „Мирка Гинова“-Битола