2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Настанот со дрвокрадството во Могила е евидентиран, не би сакал да навлегувам во политичката припадност на сторителите, рече Чулев

Април 14, 2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната конференција запрашан дали е точно дека претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Могила бил затекнат како во полициски час краде дрва, потврди дека таков настан е евидентиран во битоленот на МВР. 

„Согласно информациите што ги имаме за конкретниот настан потенцирам дека конкретниот настан е заведен во полицискиот билтен, за истото информирана е јавноста преку медиумите, дополнително не би сакал да навлегувам во политичката припадност на лицата што го сториле настанот. Претходно напоменав дека Министерството за внатрешни работи постапува неселективно кон сите граѓани кои го кршат законот па така и во конкретниот случај, кој е веќе заведен во полицискиот билтен“, рече Министерот. 

Оливер Ристески, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Општина Могила влезе во билтенот на МВР, откако викендов за време на полициски час бил затекнат како се движи во атарот на селото Древеник и како влече исечени дрва заедно со други лица. Тој и уште тројца други мажи биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава од полицијата. 

Ристески во разговор за Апла.мк демантира дека крадел дрва, туку вели дека е домаќин човек кој со својата фамилија бил на нивата со лозје и ги сечел пенушките. Според него целата оваа ситуација е исценирана политичка хајка, зошто ВМРО ДПМНЕ убедливо победува на сите избори во Општина Могила.

-Бев на моето лозје, го копачевме со две од моите четири деца, сечевме пенушки од лозите за во каминот, полицијата не затекна во атарот на Долно Српци, а министерот за земјоделство кажа дека за движење во атарот не ни треба дозвола за движење во полициски час. Нас не застана полицијата, се сомневам само заради мене, зошто во исто време покрај нас поминаа уште десет трактори и заминаа без проблем. Јас сум домаќин човек со имот и сум дипломиран правник, многу добро ги знам сите закони. Полицијата по ова не приведе и не пушти дома, па сега на суд нека докажат дека сме краделе дрва. Алатот што го имав во тракторот беше за сечење на виновата лоза. Сигурно со фамилијата и децата нема да одиме да крадиме дрва, изјави за Апла.мк Ристески.  

Во полицискиот извештај, пак, стои дека:

-На ден 11.04.2020 во 13.30 часот В.Т. вработен во Шумска полиција пријави дека од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од ЈП Национални шуми, кој ги затекнал лицата во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и ќе го документира настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП Национални шуми. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на Полициски службеници од СВР Битола било излезено на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци, и М.И.(65) од Прилеп. Истите не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на  движење. Лицата беа лишени од слобода во 15.30, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани