2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Могила си даде оставка

Април 15, 2020

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Могила Оливер Ристески си поднесе оставка откако деновиве МВР во својот Билтен објави дека бил затекнат како се движи од селото Древеник до Долно Српци во полициски час без дозвола и како со други лица влечат исечени дрва во трактор. Иако и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од истата партија со него, на прес конфреренција потврди дека таков настан имаше, Ристески изјави дека против него се води политичка хајка, а потоа си даде оставка.

 

„Ме погоди хајката организирана од политички неистомисленици против мене како претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, а втора работа, во делот на хајката, на министерот за внатрешни работи му наметнаа изјава да каже како што сработиле во СВР Битола, но не е сработено како што треба и не е точно напишано во билетенот. Од тие причини, не сакајќи да и наштетам на партијата, си давам неотповиклива оставка од функцијата претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Општината Могила и останувам до крај на располагање на мојата матична партија” рече Оливер Ристески за ТВ Алфа.

Апла.мк уште во понеделникот објави за настанот, детално за полицискиот битен и оправдувањата на Ристески кои можете да ги прочитате на следниот линк

http://www.apla.mk/index.php/direktno/item/4650-policijata-go-privede-a-oliver-ristevski-dematira-deka-kradel-drva-vo-policiski-chas

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани