2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шеќеринска со поддршка на локалната самоуправа на Охрид во справување со езерската мафија

Јули 01, 2020

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО.

Акцијата се спроведува откако  истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на неколк објекти на  крајбрежјето, сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле на плажите на Охридското езеро.

FB IMG 1593609489893

Од Општина Охрид порачаа дека процесот е продолжи и ќе трае сè до конечно расчистување на крајбрежјето. Плажите ќе бидат уредени и насипани со речен песок, којшто е дозволен согласно Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион. Отстранувањето на нелегални објекти, потпорни ѕидови, шанкови, платформи, метални конструкции и настрешници, се врши на плажите кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во  Охридско Езеро.

FB IMG 1593609495372

Носителот на листа во 5ИЕ, Радмила Шекеринска, при денешната посета на Охрид, изрази  поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со езерската мафија. таа на својот ФБ профил напиша:

 

„Му давам силна поддршка на градоначалникот на Охрид, мојот драг пријател Коста! Мора конечно да се расчисти со езерската мафија инсталирана и метастазирана од ВМРО-ДПМНЕ. Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ДПМНЕ кои освен профитот немаа друг интерес.“  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани