АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генерално, останува истата констатација дека поголемите села околу Битола и периферијата гласаат за Вмро-Дпмне, а центарот на градот, по традиција, овојпат за коалицијата Можеме.
Вмро- Дпмне ги задржа традиционалните гласачки места кои и досега и даваа доверба на оваа партија или коалиција. Јени Мале, Боримечка, Буковски ливади, Стрчин, ама разликата беше многу помала од минатите години. Ако во Јени мале победувал и со 400 до 500 гласа разлика, сега разликата беше вкупно 120 гласа, а ако тука го извадите Мал Париз, резултатот е нерешен. Можеме и победил на три избирачки места во Јени мале. Најголемата разлика во своја корист Дпмне ја направи во Горно и Долно Оризари, Кравари, Бистрица и Крклино каде се стекна со предност од околу 1000 гласа. Мора да се напомене дека традиционалниот Вмровски Смилевски Баир овојпат гласаше нерешено. Населба Карпош со мала предност за опозицијата, иако тука знаело да бидат големи разлики за опозицијата. Тука некаде завршуваат победите по населби за Вмро-Дпмне
Можеме победи на гласачките места во Завод и музеј, во Библиотека, Месните заедници Вељко Влаховиќ повеќе од 200 гласа, Стево Патако, Коле Лачето. Убедлива победа и на Баир, Студентски дом, околу Градскиот пазар плус 120, во Ушици на две од трите избирачки места, во музичкото училиште убедлива победа од над 120 гласа, Буково и Логоварди исто значајни победи. Убедлива предност и во избирачките места кои гласаа во училиштата Елпида Караманди и Климент Охридски. Голема разлика Можеме направи и во гласачките места во Кирил и Методиј и Стопанско училиште.
Се на се, традиционална гласачка карта на Битола, со бројки малку помали од вообичаените.
Позјамено од фб статусот на Валенти Груевски