Двајца битолчани од куќен притвор гласале вчера на предвремените парламентарни избори

Јули 15, 2020

Двајца битолчани во домашен притвор вчера гласале на предвремените парламентари избори, потврди претседателката на ОИК Битола Весна Томовска.  

-Вчера гласаа лицата сместени во Домови за вонсемејно згрижување вкупно, 43 лица, и исто толку 43 во казнено поправни установи. Две лица гласаа со изречена мерка куќен  притвор, како и 212 болнии немоќни лица. Гласањето помина во најдобар ред, рече Томовска.  

Изборниот ден, денеска  во Битола тече без проблеми на сите гласачки места, со почитување на протоколите  потврдува  Томовска.

-Во поглед на почитување на мерките и препораките за гласање со оглед на тоа што се одржуваа изборите во различни услови од досега немаме проблеми,за сите членови на избирачките одбори имаме навремено доставено маски и ракавици, рече Томовска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани