2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кирил Танчевски оставил 7 илјади метри снимена лента со народно творештво

Јули 22, 2020

Битолскиот етнолог Кирил Танчевски, еден од столбовите на „Илинденски денови“, сега покоен, во 2011 година за време на Фестивалот имаше изјавено дека пред 20 години во Институтот за фолклор оставил 7 илјади метри снимена лента со изворно народно македонско творештво. Тогаш се пожали дека материјалот не беше обработен. Се работеше за снимени приказни, народни поговорики, досетки, песни и друго усно творештво снимено од сите делови на државата, кое низ годините исчезнало и скоро е невозможно да се чуе и евидентира денес низ македеонските села. Со ваквиот пристап, како што рече Танчевски, се осиромашуваше народното културно добро во земјава.

 

-Магнетофон од старите кои тежеа по неколку килограми јас и мојот колега го носевме на рамо и обиколивме голем број на македонски села. Снимивме кратки жанрови. Тоа се бисери во кои е сублимиран дел од народната интелигенција. Обврска на државата беше по формирањето на самостојна Македонија да го евидентира тоа творештво. Тоа е важно зошто тврдам сега да тргнете по селата нема да најдете ни десет отсто од тоа што го снимивме ние. Го нема, веќе изумире- вели Танчевски.

На ваков чекор рече дека се одлучил зашто во поранешна Југославија се укинало дури и изучувањето на македонската етнологија. Но, група ентузијасти, меѓу кои и Танчевски го обновиле Фестивалот „Илинденски денови“ повторно во 1970- та по неколку годишна пауза. Танчевски рече дека материјалот во Институтот треба да се обработи и да се дозволи негова употреба за културните манифестации.  

-На фестивалите со народи песни и ора да им се дозволи да влезат во сефовите на Институтот, да се истражува и презнетира. Сефовите ќе останат полни, а младата генерација не ќе ги доживуваат како инспирација во нивното творештво- рече во 2011 година Танчевски.

          Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани