Webp.net gifmaker

Со ребалaнсот издвоени пари за реконструкција на влезот од Охрид и патот Трново-Магарево

Септември 10, 2020
ФОТО АРХИВА ФОТО АРХИВА

Реконструкција на влезот на Битола од страната на Охрид кон Довлеџик, како и на потегот од Трново до Магарево. За ова се обезбедени средства со ребалнсот на буџетот на Општина Битола, во чии рамки беше направеа промена на неколку развојни програми. Со нив освен влезот и патот во Подпелистерието опфатени се и реконструкција на Индустрискиот пат, улицата „Втори Август“ за која се чека одобрување и парнерно уредување на Офицерскиот дом.

“Сите тие се влезени како развојни програми за кои од буџетот ќе се трошат средства и оваа и следната година. Влезот ќе се подели во две фази, едната од кадешто завршува Довеџик до мостот, а потоа од мостот до влезот кон Пелистер. Тој дел во следниот период убедени сме дека ќе се направи бидејќи се при крај сите постапки“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.

На денешната седница на Совет опозицијата критикуваше дека власта се фали со изградба на патишта, а има слаба реализација во сооветните ставки.

„Ветуваа дека ќе изградат 120 улици во Битола, а одржување и заштита на локални патишта и регулација на сообраќај само 18 проценти реализација на програмата. Програма изградба на јавно осветлување само 4, 02 проценти, Програма изградба на системи за водоснадување 1.9 проценти, Програма изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти. Со ребалансот се прават дополнителни нелогичности. Во делот на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти реализација, а со ребалансот дополнителни 12,9 милиони денари се предвидени. Се обидуваат преку измени на бројките да ја избегнат одговорноста пред граѓаните, а уште понелогично е што планираат да градат патишта и улици, а во Програмата за изградба за системи за водоснабдување намалуваат. Како планираат да градат нови патишта без да градат системи за водоснабдување“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката Наташа Петровска запрашана од новинарите за обвинувањата на опозицијата дека не виделе багери да го раскопаат градот, рече дека тоа што не гледат е нивен проблем. Но, факт е дека имаат реализирано еден милион евра во инфраструктурни зафати.

„Денес со ребалансот на буџетот се лоцирани средства дури и за реконструкција на патот на потегот Трново-Магрево што е над 25 милиони денари, за што градежната дозвола е веќе извадена. Досега имаме релизирано ифраструктура над 1 милион евра , но дел од тоа не е влезено во денешниот квартаен извештај зашто оние кои се извршители на работните обврски ги немаат доставено фактурите. Секаде каде што влеговме со инфраструктурни зафати во изминатиот период, реакцијата на граѓаните е дека тоа не е направено по 30 до 40 години. Опозицијата имаше време 12 години да направат нешто повеќе за Битола, па немаат кредибилитет, ни легитимитет да зборуваат уште повеќе за нашиот град“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани