АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патот низ планинскиот превој Плетвар, најпроблематичниот дел од сообраќајната врска меѓу Битола и Скопје, засега нема да биде дел од автопатското решение, туку ќе се прошири со трета лента. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денес изврши увид врз реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Битола, запрашан кога битолчани ќе добијат автопат за Скопје рече дека се работи проектна задача за автопат од Битола до Прилеп, за двете делници од Прилеп до Градско распишан е тендер и се водат преговори за други фирма оти со претходните изведувачи имаше доста проблеми, а Плетвар останува да се прошири со трета лента.
„Ќе биде објавена постапка и за третата лента на Плетвар со што ќе го направиме едно подобро, помодерно и побрзо решение за сите граѓани кои гравитираат во овој регион. Можам да ги убедам граѓаните дека ќе направиме се' за патната инфратруктура во овој дел да ја направиме за почит на која нема да ни се случуваат застои и сообраќјни несреќи“, рече Бочварски.
Тој истакна дека работат на значајни прокети за регионот на Битола. До крајот на годината очекува да завршат постапките за рехабилитација на патниот правец за Меџитлија и до Демир Хисар. ЈП за државни патишта веќе прави проект за експресен пат од Меџитлија до Битола заедно со обиколница. Се прави и прокетна задача на Градежен факултат за делница Прилеп- Битола да стане автопат, но тоа е процес кој треба да започне и ќе трае, рече Бочварски.