2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Само во Земјоделското училиште од Битола целосно ќе се изведува настава со физичко присуство

Септември 23, 2020

Во општина Битола од сите средни училишта согласност за целосно изведување на наставата со физичко присуство на учениците доби само земјоделското училишта „Кузман Шапкарев“. Дозволено му е да организира настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Согласност за организирање настава за стручните предмети за соодветните видови подрачја со физичко присуство доби Државното музичко училиште во Битола. Но, не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

 

Од шесте општински средни учишта, настава со физичко присуство имаа побарано гимназијата „Таки Даскало“ и земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ , а Медицинското и Техничкото училиште со физичко присуства бараа да ја изведуваат практичната настава, гимназијата „Јосип Броз-Тито“, каде училниците се тесни, само спортските активности.

Од основните улилишта во градот само „Ѓорѓи Сугарев“ доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение.

Настава со физичко присуство е дозволена во повеќе рурални училишта. Во село Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с. Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто. Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с. Братиндол и ПУ с. Брусник, за ПУ с. Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, а во ПУ с. Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).

И Во ПУ с. Црнобуки и во ПУ с. Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с. Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с. Драгожани за четврто одделение.

Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с. Барешани, ПУ с. Велушина, ПУ с. Егри, ПУ с. Доленци , ПУ с. Граешница, ПУ с. Меџитлија, ПУ с. Кременица, ПУ с. Лажец, ПУ с. Кравари, ПУ с. Канино, ПУ с. Оптичари, ПУ с. Породин, а во ПУ с. Кишава, ПУ с. Острец и ПУ с. Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

За ПУ с. Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.

Инаку од десет основни училишта во централното градско подрачје и две во руралните средини барања за изведување настава со физичко присуство имаа доставено половина, односно шест. Тоа беа училиштата„ Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“, „Елпида Караманди“, „Коле Канински“ во Битола, „Александар Турунџев“ во Кукуречани и „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица, но во дел од нив дозволена е таква настава само во подрачни училишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани