АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Марија Теговска е избрана да биде дел од новиот состав на советници на премиерот Зоран Заев, односно дел од новите 23 советници на премиерот. Теговска која битолската јавност ја памети како новинар на поранешната локална телевизија Мега, е назначена за советник за комуникации на реформските процеси. До неодамна беше посебен советник за односи со јавност во кабинетот на екс министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На интернет страната на Владата, поради поголема транспарентност, се објавени нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници. Во просек, платите на советниците изнесуваат 55.000 денари.