АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во филателистичкиот материјал во Македонија, а и поранешна Југославија, кој се состои од поштенски марки, поштенски блокови, жигови (печати), карнети, пликови и друго Илинден и македонските револуцинери редовно биле присутни.
Од македонските војводи најчесто бил илустриран Гоце Делчев на поштенските марки што се користеле уште во социјалистичка Македонија. Поштенска марка со неговиот лик се ставала во 1984 година, а сликата била преземена од дело на Димитар Кондовски. Имало и други поштенски марки кои најчесто се печателе по повод јубилеј од неговото раѓање или смртта (1872-1903). Печат со неговиот лик во Штип бил изработен на сто годишнината од неговото раѓање, поточно во 1972 година.
Покрај Делчев, други почесто илустрирани ликови во филателијата кај нас биле војводите Даме Груев, Никола Карев и Ѓорче Петров. Сто години од раѓањето на Даме Груев исто така меѓу другите настани било одбележано и со посебна поштенска марка. Печат со неговиот лик бил изработен по повод 75 годишнината од загинувањето на Груев.
Ликот на Никола Карев најчесто се ставал на марки и печати поврзани со прославувањето на Илинден. Печати со слоганот на ВМРО „Слобода или смрт“ на кои беа исрцртани вкрстени кама и пиштол биле направен во повеќе градови низ Македонија уште во времето на поранешна Југославија.