2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчанки на социјалните мрежи споделуваат лични искуства за КОВИД-19

Ноември 11, 2020

Лични искуства за текот на болеста и низ што минуваат заразените од КОВИД-19 споделуваат битолчанки на групи на социјалните мрежи.

Некои од овие сведоштва се потресни, затоа што болните ги пишуваат од болнички кревет во Инфективното одделение во Клиничката болница.

Други споделуваат искуства од дома, но, исто така сведочат за мачните симптоми низ кои минуваат борејќи се со вирусот.

Заболените ги споделуваат  овие лични сведоштва со име и презиме, на предлог на една сограѓанка, која како што вели, целта е да се подигне јавната свест за почитување на мерките, но и да читаат оние кои се уште не веруваат дека вирусот постои.

Пренесуваме дел од овие лични искуства, се разбира, без име и презиме,  почитувајќи ја приватноста на секој од нив

IMG 20201111 233945

 

IMG 20201111 234101

 

IMG 20201111 234221

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани