Webp.net gifmaker

За да се исплатат долговите на училиштата Општина Битола од својот буџет даде 1,8 милиони евра, рече Петровска

Ноември 13, 2020

Градоначалничката Наташа Петровска запрашана за коментар по вчерашните обвинувањата на опозицијата  од Советот дека училиштата во Битола се одблокирале со пари од државната каса, а Општината не учествувала во тоа, одговори дека не е точно зашто од вкупниот вратен долг од 4,5 милиони евра, од општинскиот буџет беа дадени 1,8 милиони евра.

 

„Постојано ги кажувам сумите со кои Општината учествува во инфраструктурни зафати и во збогатување на околностите во кои функционираат образовните институции. Знам за обвинувањето кое деновиве повторно го реактуелизира опозицијата, но најодговорно тврдам дека од вкупниот вратен долг 1,8 милиони евра се средства кои Општина Битола ги врати, ги даде во училиштата само по основ на долговите. Тоа е еден дел од вкупната сума од 4,5 милиони евра. Всушност советниците ги имаат кварталните извештаи и од претходните години, ме чуди што луѓе кои ги гласале и програмите за образование, вака обвинуваат. Оддолжувањето на училиштата е со удел на општината, од буџетот беа 1,8 милиони евра. 600 000 евра се дополнителни дадени од општинскиот буџет за школите само за оваа година“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани