2win800x200

Започна тестирањето со брзите тестови набавени со средства на Општина Битола, рече Димовска

Ноември 30, 2020

Од денес почнува примената на така наречените брзи тестови кои Центарот за јавно здравје ги набави со пари од Општината. На предлог на градоначалничката, Наташа Петровска, а со едногласната поддршка од Советот на Општина Битола, обезбедени се средства за најмалку 2000 брзи тестови за дијагностицирање на ковид -19. Тестовите се бесплатни за граѓаните и ќе се реалзиираат преку матичните лекари и Мој термин, рече Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола

„Донацијата од Општина Битола во вистина од 20.000 евра за Центарот за јавно здравје - Битола, ќе им овозможи на граѓаните брза дијагноза, односно за многу кратко време, од 15 до 20 минути, граѓаните ќе ги имаат резултатите. Тоа ќе обезбеди брза интервенција и на лекарите, и секако можност граѓаните да го заштитат сопственото, здравјето на своите најблиски и јавното здравје“, рече Димовска.

 

Од СДСМ позочуваат дека од почетокот на ковид- кризата во земјава, Општина Битола досега издвои над 85.000 евра за поддршка на здравствените институции во справување со состојбата. Издвоени беа 10.000 евра за отворање на лабораторија за тестирање од коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10.000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20.000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Минатата недела, дополнително се издвоија и над 40.000 евра за модуларната болница, а се вложува и во подготовка на уште една месна заедница во близина на Болницата каде, исто така, ќе се прават брзи тестови.

„СДСМ како одговорна партија докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните и заедно со локалната самоуправа ќе продолжи да ја следи ситуацијата со корона вирусот и да презема мерки за заштита на јавното здравје.

На нас, како граѓани останува постојано и доследно да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Димовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани