АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како Климент Охридски да ги насочиме нашите души кон поголема кроткост и човештина, порача софискиот ректор Анастас Герджиков во видео обраќањето за време на свечената седница за патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. За првпат седницата се одржа електронски поради пандемијата со ковид 19, а на неа се обратија и министерка за образование и наука, Мила Царовска, како и ректорот домаќин Сашо Коруновски. Долгогодишната соработка која постои меѓу двата универзитета, како и годинешното заедничко чествување на патронот на 25 ноември во Софија, на 8 Декември кај нас, и денешните упатени пораки за пријателство, се добар пример за тоа како треба да се одвиваа добороседските односи.
„На Свети Климент се посветени многу споменици на нашата и вашата страна. По него се наречени и нашите два универзитета. Св Климент Охридски е голем учител, книжевник и создавач на вистинска богослужбена и литературна школа. Неговата дејност е наша општа гордост. Народите со делото ги преминуваат границите на времето и пространството и ги обединуваат народите. Важно е да покажеме дека академскиот дух и пријателство се над се и можат да ги надминат сите разделби. Ви посакувам вашите ученици да станат како учениците на Свети Климент Охридски, познати по своите дела“, рече Герджиков.
Министерката за образование Мила Царовска истака дека Битолскиот и Софискиот универзитет покрај академската мисија заеднички го споделуваат и името на книжевникот, учител и епископ, Климент Охридски и заеднички го празнуваат патрониот праник. Добар знак, рече таа, за нас и нашите два универзитета е што во духот на европските вредности за партнерство тежиштето го ставаме на меѓусебна квалитетна соработка и размена на студенти, искуства, знаење, вештини.
(По повод патрониот празник положено цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на битолскиот Ректорат )
Во поздравната реч по повод патронот, ректорот на Бистолскиот универзитет Сашо Коруновски истакна дека денес „во регионот на лулката на Првиот словенски универзитет , живеејќи во едно друго време, време на брз развиток на технологии и неограничен проток на информации, кога потребата за образование, усовршување и напредок, станува повеќе од секогаш императив во живеењето на секој поединец, нашиот универзитет, своето функционирање го заснова врз креирање на такво опкружување во коешто образованието на секој млад човек, на секоја индуивиудуа,претставува наша долгорочна мисија, но и наша секојдневна задача“.
„Нашите 12 членки претставуваат интелектуална база за развој и воспоставување партнерски односи со значајни стопански субјекти и локални самоуправи во Регионот на сопственото делување. Секако, тука е уште една мошне значајната компонента, а тоа е меѓународната соработка - со одржување напостоечката и градење нови мостови на соработка со универзитетите, се јакне мрежата чијашто примарна цел е да се овозможи мобилност на студентите и кадрите, но и трансфер на знаења, вештини и современи технологии“, рече Коруновски.