АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како што расте посетеноста на патеката за Смолево, така се повеќе се полни со ѓубре. Влажни марамчиња, маски, одпадоци од храна и друг смет оставаат зад себе дел од посетителите. Со ваквото неодговорно однесување згнасија уште еден дел од градот кој беше чист. Сега дел рекреираат гледајќи го сопртвеното ѓубре без грижа на совет, а им создаваат и непријатно чувство на другите посетители кои не се алкави ако нив.
Токму со реакција за расфрелениот смет на оваа локација до нашата редакција се обрати Марија Магдалена Петковска Микаровска, позната по еко акциите Мети си со Класенто.
„Се гушиме во ѓубре. Кој е виновникот, секој сам нека си процени. Секој има различно видување на проблемот и тоа е сосема во ред, меѓутоа суштината е дека ние не го цениме она што го имаме. Едно од најубавите места над Битола, секојдневно се уништува и се дави во ѓубре. Кому му се фрла ова ѓубре? Мене, лично ми е срам што сведочам на уништување на простор кој ни дарува волја во најтешките месеци на пандемијата. Место каде сите рекреативци се навлекоа да го пешачат како дел од здравите животни навики. Ова ме навраќа да се запрашам КОИ СМЕ и КАКВИ СМЕ? Би сакала да имаме акција и да го детоксицираме местото со волонтери кои ја сфаќаат значајноста на истото. Да не чекаме снегот да ни го покрие срамот“, порача Петковска Микаровска.