2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЈАНКУЛОВСКИ: НЕРЕАЛЕН И ПРЕДИМЕНЗИОНИРАН БУЏЕТ ЗА 2021 ГОДИНА!

Декември 29, 2020

Нереален и предимензиониран  е Буџетот  за 2021 година. Вака  советникот од ПОДЕМ, Никоче Јанкловски, на прес конференција денеска го оцени Буџетот што го изгласа мнозинството од власта вчера  по 5 и пол часовна дебата во Совветот

-Зошто Наташа Петровска и нејзините советници иако знаат дека капацитетот за обезбедување на приходи на општината е до 25 мил евра, гласаат буџет од неверојатни 35 мил еур? Ги лажат битолчани, со тоа што во вештачки набилдани планови се вметнуваат што повеќе проекти, а потоа, заради фиктивните приходи кои само на хартија ги имаат, а најверојатно дека станува збор и за изборна година, не се бира ни начин ни средства што, како и каде се ветува, битно во план да влезат што е можно повеќе проекти, а дали ќе се реализираат тоа им е најмалку битно. Или ветуваат проекти, највеќе во ставката други градежни објекти во износ, кој е за во рубриката Верувале или Не, од цели 681 мил. ден., а за пример 2019-та оваа ставка ја завршија со САМО 76 мил. ден.  И во овој буџет, за среќа последен од оваа локална власт, ја нема Гасификацијата, го нема јавниот еколошки градски превоз, го нема ни планинарскиот дом Копанки, а исто нејзините советници ги одбија и барањата на опозицијата да добиеме информации од ЕЛЕМ зошто сеуште не се реконструираат електростатските филтри во РЕК Битола, и информација од Министерството за финансии, зошто од готов, стана комплициран проектот за изградба на Пречистителната станица, која денес требаше да почне со работа. А и со овој буџет, нема да го изградат ни ветениот Мултифункционален спортски комплекс, нити нова зграда на противппожарната станица, ни нов сточен пазар, а ни надземен пешачки премин кон Боримечка, рече советникот Јанкуловски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани