2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОПШТИНА БИТОЛА САМА ЌЕ ГО ИЗГРАДИ КОПНАКИ, УПРАВНИОТ СУД ОДЛУЧИ ДЕКА ТУЖБАТА НА ПСК „ПЕЛИСТЕР“ Е НЕОСНОВАНА, РЕЧЕ ПЕТРОВСКА

Јануари 28, 2021

Општина Битола сама ќе го изгради планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер со општински средства, нас асполутно не ни требаат никакви донации, одговори градоначалничката Наташа Петровска на барањето на ПОДЕМ Владата да им препорача на јавните институции да издвојат пари за Копанки како за Глобал од Струмица.

Петровска рече дека деновиве добиле одлука од Управниот суд со која тужбата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кон Министерството за транспорт и врски за случајот „Копанки“, се смета за неоснована.

„Уште на самиот почеток кажав дека планината е на битолчани, не е во ничија сопственост, го понипштив решението за легализација на тој објект дадено за време на претходната власт. На второстепена комисија при Министерство за транспорт беше потврдена мојата одлука. Деновиве довивме и одлука од Управниот суд со која тужбата на ПСК Пелистер кон Министерството за транспорт кое одлучи по основа на жалбата, се смета за неоснована. Сите досега правни разрешници укажуваат дека била злоупотребена позицијата на некои за да го узурпираат планинарскиот дом, пред сѐ мислам на челниците кои го воделе тој процес. Случајот мора да доживее разрешница и се надевам дека наскоро ќе заврши за ние да преминеме кон она што како намера го покажавме и она зад што стојам како градоначалник- Општина Битола сама ќе го изгради планинарскиот дом“, рече Петровска.

Инаку, ПОДЕМ деновиве по пожарот во Глобал, преку соопштение побара начинот и формата на исплата на финансиските средства од јавните институции да биде ист за двата опожарени објекти, на Пелистер и во Струмица.

„Објаснувањето, дека не постои законска можност за исплата на финансиски средства кон здружение на граѓани, сега станува беспредметно, поготово по повикот на Владата за исплата на пари кон струмичкото здружение за граѓани, кое е ист правен субјект како и битолското планинарско здружение за обнова на објектот“, напишаа ПОДЕМ во соопштението.

Ова е осма година по страотниот пожар во култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер . На местото на некогашното познато збиралиште на вљубениците во планината, останаа само рушевините од Домот. Претхопдната локалана власт го легализираше домот, а сопственоста им ја даде на Планинарското здружение. Општината уште пред две години соопшти дека ќе обезбеди средства за обнова на домот, но доколку Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кој се води како сопственик, им го отстапи зашто не можат да инвестираат на туѓ имот. Панинарите соопштија дека нема да го дадат имотот и започнаа со одредни активности за реконструкција, но не успеаја да го обноват. Општина Битола пак, ја одзеде сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“ на планинарскиот клуб и ја пренесе на државата, со обазложение дека поранешниот градоначалник Влдимир Талески со ваквата легализација ја злоупотребил службената положба и донел првано неиздржан акт. На ова следуваа желби, тужби и конечно се чекаше одлуката на Управниот суд.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани