2win800x200

Борче Корлевски, советник: На сагата за Копанки ѝ се гледа крајот, Општината ќе го изгради Планинарскиот дом

Февруари 01, 2021

 

На сагата што го следи Планинарскиот дом Копанки откако домот беше уништен во пожар во 2013 година и се гледа крајот.
Управниот суд пресуди дека Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и локалната самоуправа предводена од СДСМ билe во право кога го поништилe решението за легализација на објектот, донесено од страна на поранешната власт. И не само оваа, туку сите досегашни судски одлуки поврзани со Планинарскиот дом Копанки, говорат дека објектот е узурпиран, противправно легализиран и доделен на субјект кој дотогаш го стопанисувал. Повторувам, го стопанисувал, а не го поседувал. Сите досегашни правни разрешници во врска со Копанки укажуваат дека некој или некои ја злоупотребиле функцијата за да го узурпираат планинарскиот дом кој припаѓа на сите битолчани, без разлика кој со него стопанисувал во годините наназад. Јавноста треба да знае дека Општина Битола уште на самиот почеток на решавањето на проблемот го понуди концептот објектот да дојде во нејзино владение за да може да го изгради. Односно, од дивоизграден објект без регулиран сопстевеник, изгорен до темели, Планинарскиот дом Копанки да стане објект со решен урбанистички статус, односно да се легализира, во владение на општината оти тој е на сите, а не само на неколкумина. Но, инаетот и личниот интерес на поединци изгледа е поголем од желбата Копанки навистина да се реконструира и конечно да биде ставен во функција.  
 
Почитувани битолчани,
Бидете уверени дека последната одлука на Управниот суд, нема да биде последната судска одлука во врска со Копанки. Како Планинарскиот дом дошол во нечие владение, како бил легализиран, ќе откријат правните постапки кои се водат. Јустиција не е слепа, никогаш и не била, само едно време и беа врзани очите. Онаа криминална спрега на извршната и судската власт од времето на режимот која ја поразивме во повеќе наврати досега, ја поразуваат и судските одлуки. Едно е сигурно. Правна разрешница на случајот Копанки ќе има, но не како што некои посакуваат. Таа ќе биде во корист на граѓаните на Битола, кои изминатите три години изгубија драгоцени мигови кои можеа да ги поминат во Планинарскиот дом кој СДСМ го вети, а ќе го изгради Општина Битола со сопствени средства. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани