АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, по повод Светскиот ден за борба против дискриминација, уште еднаш се потсетуваме на нашата обврска за градење на еднакво, праведно и правично општество. Нашите заложби за нулта дискриминација ги остваруваме преку конкретни законски решенија, изјава пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ Битола - Бисера Костадиновска- Стојчевска.
„Владата предводена од СДСМ направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата. Го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација кој обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните, а низ транспарентна постапка избрана е и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат како дискриминаторски основи се вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Владата предводена од СДСМ останува посветена на интересите на сите категории граѓани и продолжуваме да работиме во нивен интерес. Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување“, рече Костадиновска-Стојчевска.