АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На прашањето како ги доживеа нападите за црвенито чадор во тоалетот на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, директорката Билјана Гагчовска, во интервју на ТВ Тера во емисијата Директно, рече дека еден ден, во подобри времиња, ќе го врами црвенито чадор, како симбол за едно време кога во болницата ништо не се направило, поради што била принудена во краток рок со поддршка на Општина Битола да овозможи елементарни услови за пациентите.
-Тој чадор е уште тука, го чувам и кога ќе ги завршам моите планови со таа зграда, јас ќе го врамам, како симбол на едно време. Знаете сигурно што значи црвениот чадор, многу добар симбол. Тоа не беше најстрашното во таа зграда. Но, исто како она што го зборуваме за црвениот чадор, ќе речам и за фасадата на болницата, која е убава, но работата не е завршена. Кога ќе поминете по Партизанска навистина сме најубавата зграда, но ќе направам една метафора со Велигден. Имате едно јајце прекрасно украсено, а ако го отворите е скапано. За жал тоа е одлика на едно време. Фасадата е прекрасна, но што правиме со тоа внатре? Опозицијата, како што рековте, обинува дека сме се однесувале ПР-овски. Добро е кога во едно општество имаме различни мислења, но јас за жал не слушнав еден конструктивен предлог од тие политичари, туку во време на пандемија, играат политички игри собираат дневно политички поени кај нивното членство. Дегутантно и лицемерно е да не обвинуваат за ПР однесување, а да се потсетиме колку пати се сликаа со таа фасада. Нашето однесување ќе беше ПР -овско ако правевме церемонии со министерот Филипче, ако се сликавме за да ја отвориме Модуларната болница, во време кога имавме дневно по 200 прегледи во амбулантата, и пациенти внатре кои се борат со болеста. Но, тој сака да се заврши работат, да се стави во функција, а не се фали дека удира шајки, не сечи ленти и не гали радијатори, рече Гагачовска во Директно на Тера.
Гагачовска вели дека со поддршка на Општина Битола, руинираната зграда на Инфективно одделение е направне функционална за многу кусо време пред разгорување на пандемијата
-Дојдов на функција на 28 јануари 2020 година, а по три недели го имавме првиот суспектен пациент. На Инфективно затекнав одделение без сијалици, јас ги менував. Дали требаше да го викниме ПР от да ме слика? Немаше тоалети, немаше ВЦ школки, немаше казанчиња во Инфективното одделение. Ништо не функционираше, што мислите како се направи за 2 недели? Со амин на Општината и локалната самоуправа во пресрет излегоа јавните претпријатија, колку што може да се среди онаа руина од зграда, која многу ни се најде и имаме среќа што ја имаме таква каква што е. Општината донираше 600 илјади денари за набавка на флуксометри, тоа се чашки кои се стават во дозните на ѕидот за кислород, кое преку цевче стигнува до пациентот. Знаете дека јас на Инфективно затекнав три дозни за кислород. Или во цела болница 113, а сега има 300 места, што се направи „преку ноќ“. Во Модуларната болница, Општина Битола, имаше обврски кои требаше да ги реалазира, но немаше обврска да даде донација да го платиме приклучукот на електрична енергија, рече Гагачовска, која потести дека на почетокот од пандемијата, кога целата ситуација беше сосема нова, Општината направи тунели за дезинфекција на влезовите од градот, се чистеа и дизинфицираа улици и влезови во згради, учулишта, објекти, а исто така, локалната самоуправа донираше 10 илјади евра за адаптација и опремување на лабораторијата во ЦЈЗ, како и 20 илјади евра за набавка на за брзи тестови
На прашањето на новинарот , Стево Башуровски, дека опозицијата бараше оставка од Кризниот штаб на Општина Битола, во кој Гагачовска членува како функционер, таа вели дека ниту слушнала ниту разбрала што всушност бара опозицијата, затоа што е зафатена со многу поважна работа во време на пандемија.
-Јас сум директор на Клиничка болница Битола на сите вработени, без оглед од која политичка партија се. Моите ингеренции се од државно ниво. Тие локални опозициски политичари и случувања на опозицијата немам време да ги следам, ниту нивните детски игри, затоа што имаме многу посериозна работа. Но, опозицијата играше дневно политички и ниски игри. Да не бидам погрешно сфатена, јас контактирам со опозицијата секојдневно, јас имам колеги од сите партии и прекрасно соработуваме. Со моите колеги и од опозицијата сме рамо до рамо, сите заедно функционираме, работиме во оваа пандемија и се бориме. Но, тоа што го прави опозициската партија се однесува на нивното гласачко тело „еве видете не нешо правиме“. Тоа е дневно-политички популизам, рече Гагачовска.