2win800x200

Петровска - Битолчани ќе знаат да го ценат направеното

Мај 20, 2021

 

-Наследив општина со исклучително лоша финансиска состојба, на нереализирана инфраструктура, без постоење на проекти. Јас уште меѓу првите прес конференции кажав дека е проблем со кој се соочивме тогаш. За мене е интересен феномен (нема бришење на кажаниот и пишаниот збор), 2019 година кога имаве градежни активности прикажано, се уште има пишани коментари коишто велат - пред избори. 2020 имате градежна сезона, животот тече независно што се случува, вие прикажувате градежни активности и повторно имате коментар - пред избори. 2021 година повторно имате градежна сезона, вие повторно имате коментар - пред избори. Оваа локална самоуправа, јас како градоначалник и сите други градоначалници се соочивме со три избори и еден референдум, што дава отежнување во спроведувањето на програмите. Од друга страна имате пандемија, како оптоварување. Најдоблесно е да кажете дека и во такви оптоварувања имаме локална самоупрва која што има градежна офанзива, која успеала да го стабилизира буџетот, да направи проекти, да ги подготви инфраструктурните зафати и да ги реализира со стабилен буџет. Ние сме општина која што може веднаш по завршувањето да ги исплатиме градежните работи. Длабоко сум убедена дека битолчани сето ова умеат да го ценат, без разлика кој тоа од лични политички побуди сака да го прикаже поинаку токму во функција на изборите, токму во функција на личниот интерес. Се гордеам со се што е направено што покажува дека оваа локална самоуправа навистина прави сериозни, длабоки, суштински промени во тоа како треба да функционира. За нас е минато кога само се продаваа градежни парцели, само се градеше и кој знае каде одеа парите, се се правеше само инфраструктурата не се градеше. За жал. Денес кога  се продава градежно земјиште  исклучиво се  продава таму каде е изградена  инфраструктура. Така од една страна, да ви кажам искрено се чудам на таквите реакции, а од друга страна се радувам на таквите обвинувања затоа што ми даваат можност реално да кажам дека  постои суштинска разлика на тоа како се функционирало и како сега се функционира, изјави градоначалничката Наташа Петровска по обвинувањата на опозицијата дека на Битола и се случува градежна офанзива пред избори.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани