2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Новиот Закон за учебници е во согласност со европските практики, рече пратеничката Костадиновска- Стојчевска

Мај 26, 2021

Новиот предлог Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата, во која живеат младите, изјави пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска- Стојчевска. 

 

„Со него се воведува етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Филмови, анимации, видео прикази, галерии на слики и задачи се дел од мултимедијалните содржини кои ќе бидат дел од образовната реформа за дигитализација на образованието која следната учебна година ќе биде спроведена како пилот проект само во четврто одделение, а печатените учебници нема да заминат во историјата', рече Костадиновска -Стојчевска. 

Според неа, реформата на образовниот процес е одговор на долгогодишните барања на наставниците и на многу генерации на ученици, за подобро и поквалитетно образование, за подобра иднина.

„Кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, во интерес на учениците, наставниците, во интерес на иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од обидите за блокада на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес. Денешните партиски протести на ВМРО-ДПМНЕ се уште еден во низата обиди да им се наштети на наставниците и ученици, да му се наштети на образовниот процес“, рече пратеничката. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани