АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола на 08.06.2021 ВМРО-ДПМНЕ организира протест со блокада на кружниот тек кај Безистенот. Протестите ќе бидат од 15 до 17 часот. Протестираат со барање Владата јавно да го објави, како што стои во нивната објава „таканаречениот 'патоказ' за преговорите со Бугарија''.
Блокади на крстосници ќе има и во Скопје и уште 10 други градови низ земјава. Како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, протестите се единствен начин да се спречи барањата на Бугарија да станат дел од преговарачката рамка со ЕУ и на тој начин проблемот што го имаме со Софија да стане проблем со ЕУ. Мицкоски рече дека тоа го дознал од високи дипломатски извори од Брисел и Софија.