2win800x200

Турски компании заинтересирани за инвестирање во општина Новаци

Септември 15, 2021

Градоначалникот Кузманоски беше домаќин на делегација од Сакарија, Р.Турција предводена од Г-дин Ахмет Копрулуоглу , сопственик на компанија за производство на гума и пластика стационирана во Сакарија, регион Мармара.

Копрулуоглу е генерален секретар на трговско-индустриската комора во Сакарија и сопственик на компанија чија основна дејност е производство на производи од гума и пластика , односно гумени душеци и постелнини за животни, гумени патосници за фарми за крави, коњи , патосници за дезинфекција и други производи. Градоначалникот Кузманоски ги запозна потенцијалните инвеститори со состојбата на индустриската зона во Новаци која е во напредна фаза на изградба. Изработена е локалната урбанистичка планска документација, во фаза е пренамена на земјоделското земјиште во градежно по што ќе следува урбанистичкиот проект за парцелација. Индустриската зона во Новаци ќе биде за изградба на лесна и незагадувачка индустрија. Во текот на 2022 година се очекува да се финишира со изградбата на комплетна инфраструктура водоводна и канализациона мрежа, изградба на улици и тротоари, улично осветлување како и поставување на сите неопходни инсталации и приклучоци.
 
„Има интерес кај  домашни и странски инвеститори посебно  од Р.Турција за инвестирање и изградба на фабрики токму во индустриската зона во Новаци која во текот на 2022 година ќе ги отвори портите за сите оние кои сакаат да инвестираат во неа. Ќе се отворат нови работни места кои директно ќе влијаат на локалниот економски развој и зголемување на животниот стандард на сите граѓани во општина Новаци“, веше истакнато на денешната средба . 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани