2win800x200

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани

Септември 14, 2021

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на енергетскиот форум МЕФ 2021.

,,Над 70% од нашето производството во моментов доаѓа од јаглен, и тоа за нас е голем императив да спроведеме брза енергетска транзиција, но која мора да биде и праведна, односно вработените да останат во компанијата со работни задачи соодветни на промената во производството. Работиме на ширење на нашето производно портфолио, пред се во делот на обновливите извори на енергија”-изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека фотонапонските електрани ќе се градат во еден дел како сопствени инвестиции на АД ЕСМ, а во еден дел како јавно-приватно партнерство.

Покерај производните капацитети од ветер и сонце, беше нагласено и значењето на поседувањето што почисти производни капацитети за базна, балансна енергија, за што беа наведени планираната гасна електрана во РЕК Битола, проширување на гасната електрана Енергетика во Скопје, планот за пренамена на ТЕЦ Неготино во електрана на гас и изградбата на големата хидроелектрана Чебрен.

За Чебрен до крајот на годината се очекува првичен договор кој би бил основа за јавно-приватно партнерство со една од 9-те квалификувани компании кои аплицираа на јавниот повик да бидат партнери на АД ЕСМ за изградба на овој капитален проект.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани