2win800x200

На Николовски му се „врза“ јазикот за поврзаност меѓу Стентонот со Груевски, Мицковски, Талески и Милевски

Октомври 14, 2021

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски вели дека немал влакно на јазикот, особено не, кога треба да ја критикува власта, ама му се „врза“ јазикот на прашањето каква била и е поврзаноста на сопственикот на „Стентон градба“ со бившиот премиер Никола Груевски, со актуелниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со екс градоначалникот Владимир Талески и со носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски. Николовски денеска во Битола ја повтори неговата позната реторика нарекувајќи го  кандидатот за градоначалник на СДСМ - бандит, ама кога требаше да одговори за поврзаноста на бивши и сегашни функционери со истата таа „Стентон градба“, Николовски го избегна одговорот велејќи дека не знае за такви релации за само кусо потоа да каже дека и ако имало поврзаност сигурно било законски. 

-Прво јас не знам дека имало било каква поврзаност помеѓу било кој од овие кои што ги споменавте и актуелниот кандидат за градоначалник , рече Николовски, обидувајќи се да го заобиколи одговорот и давајќи друга насока на прашањето.

-Бев прашан за кандидатот за градоначалник, ако ме прашувате за друг, а не е кандидат за градоначалник, мислам  дека не е пристојно да зборувам. Така што моја работа е да изложам кој е кандидат за градоначалник. Значи е тој што е, самиот си ги правел работите во животот, јас не сум му ги правел работите во животот и затоа е моја работа и работа на партијата е да тие работи ги изложиме во јавноста, рече Николовски, обидувајќи се да го избегне одговорот  на поставеното прашање.

На повторно инсистирање на  новинарите да одговори за поврзаноста на ВМРО ДПМНЕ со „Стентон градба“, тој даде потврден одговор- „Во однос на овие што ги споменавте нема никаква поврзаност освен она што е во рамки на законот, и работење во рамки на законот, рече Николовски. 

 

А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани