2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Стрежево“ вложува 13 милиони денари во деталната цевководна мрежа

Декември 09, 2021

„Сопствени средства ЈП 'Стрежево' - Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел - реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. Во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод СР 11 ( Бистрица - Егри) замена на дотраени цевки фи-500mm со нови дуктилни цевки фи- 600 mm во атарот на село Егри.

Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект - економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост“, соопшти директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.  265535788 1196568010869406 3353717721814971488 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани