Приватната фирма  Стентон Градба Битола, која е изведувач на реконструкцијата на улицата Стив Наумов, категорично тврди дека вчерашното пукање на водоводната цевка поради која половина Битола и делови од општините Могила и Новаци со часови останаа без вода, не е поврзано со градежните работи кои нивните екипи ги извршуваат на терен, туку дека станува збор за стара и дотраена водоводна мрежа поради што и Општина Битпла пристапи кон реконструкција

Градоначалникот Тони Коњановски на ФБ објави фотографии од местото каде што екипите на Водовод го санираат големиот дефект на една од главните водоводни артерии во водоводната мрежа на  Битола. 

По големата хаварија  на една од главните водоводни цевки во Битола, екипите на ЈКП Водовод веќе се на терен и работат на санација на овој дефект

Локалната власт на ДПМНЕ планира енормно да ја покачи цената на водата за пиење во Битола!

 
Директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски изгледа нема доволно пари за матните зделки, партиски прослави и полнење на чанти со кеш, па бара поскапување на кубикот вода за огромни 13 денари!
 
Тоа е зголемување за над 40% на цената на водата за пиење во Битола!
 
Наместо досегашните 31.78 денари, Милевски бара битолчани да плаќаат 44.78 денари за кубик вода! 
 
Ако едно просечно битолско семејство троши по 15 кубици вода месечно, со новата цена на водата ќе плаќа по 200 денари повеќе на секоја сметка. Или, годишно од семејниот буџет ќе одат најмалку 2.400 денари повеќе за вода.  
 
Ова е вистинското лице на ДПМНЕ. Безобразно ги уништуваат јавните претпријатија кои ги претворија во партиски штабови, глумат дека се грижат за стандардот на граѓаните, а водата за пиење во Битола ќе ја направат луксуз! 
 
Две години предупредуваме дека ДПМНЕ безмилосно ги пљачка јавните претпријатија и ги турка во амбис. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт, во Битола истото се случува – уништување на јавните претпријатија и грабеж на граѓаните!
Страница 1 од 11

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани