2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.

Во попладневните часови Старата битолска чаршија наликува на галерија  во под ведро небо,  каде младите ликовни творци од целиот свет, учесници на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“, ги изложија своите дела што ги направија во изминатите пет дена. Годинава на „Монмартр“ дојдоа преку стотина млади уметници од целиот свет. Од десетиците ликовни творби кои се создадоа на „Монмартр“, жирито ќе ги избере најдобрите, односно бисерите на годинешната  ликовна колонија.. 33988258 391571857992853 7334855821378977792 n

Изложбата на фотографии печатени во сито техника „Споменици на Револуцијата“ на германскиот уметник Марко Кројач, беше отворена вечерва во битолската „Магаза“ во организација на Завод и музеј-Битола и Сојузот на борци ОО-Битола.

Животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти, ќе бидат претставени на изложбата што вечерва ќе биде отворена во Битола на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“. Изложбата е насловена „Русите во Македонија (1920-1940)“.

Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија.

Организирана е од Амбасадата на Руската Федерација и ќе ја отвори амбасадорот Олег Шчербак, а ќе може да се посети до 13 март.

Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.

Ова е идејата на проектот „Граѓански  паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот  од  денеска е претставен за јавноста  во Завод и музеј Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани