Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе  РК „Пелистер“ без долгови.

Барањето на РК „Еурофарм-Работник“ за откуп на акциите на РК „Пелистер“, кој е под капата на Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска, ќе го препрати до УО на РК „Пелистер“ и до општинскиот Совет, кои понатаму ќе одлучуваат по ова прашање

Новиот тренер на РК „Пелистер“, Томче Петрески, на денешната прес конференција,  рече дека атмосферата во клубот се подобрува, играчите се прилагодуваат на неговиот систем на работа, а тој очекува добри резултати.

Долг од над 110 илјади евра, по разни основи, тужби од играчи, извршни решенија за неплатени сметки, неплатени услуги кон добавувачи. Во ваква состојба, новото ракводтсво го затекна ракометниот клуб „Пелистер“ при неговот преземање во јануари годинава. Новиот управен одбор денеска на увид на јавноста го стави финансискиот извештај за првото тромесечје. Овој долг е целосно саниран, а блокиранта сметка, денеска со дотациите од општина Битола, е одблокирана

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани