2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Долг со нејасности го кочи договорот со „Еурофарм“

Септември 05, 2019

Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе  РК „Пелистер“ без долгови.

-Драфт верзија на договорот е веќе составена, а од другата страна јасно е побарано целосно да се подмирени обврските кои што во моментот ги има РК „Пелистер“. Се она што до недомана го имавме како увид на неподмирени обврски, јас како градоначалник го подмирив со соодветна трансакција на средства кои што претходни ги извршив. Но има одреден долг кои што содржи нејасности, а е услов за да се постигне тоа книговотсвено усогласување за да се премине кон конечно потпишување на догворот. Утре имаме повторно средба со нашиот партнер токму во функција на дореализација на догворот, но во периодот до таа утрешна средба, мора по докумнети кои што ја покажуваат точно фактичка состојба,  на оставрено книговодствено усогласување да биде реализирано,  за да преименем кон потпишување на договорот, рече Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани