АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник. Во спасувачката акција, се вклучиja веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, велат, беше доволно силна, да се работи се додека за тоа постои надеж.
На иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во среда ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.
Општина Битола, изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија.
-Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер, се наведува во соопштението од Општина Битола
Тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а од општината соопштија дека доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.
-Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби, потенцираат од Општина Битола