Најпрво целосно ќе се отстрани асфалтот, а потоа ќе се извадат старите коцки од улицата „8 Септември“ во Битола, чија реконструкција почна денеска. Станува збор за влезот од страната на Прилеп, каде јавното претпријатие„ Нискоградба“, покрај обврската за изградба на канализациската мрежа, треба да ја отстрани коцката. Општината во иднина ќе ги употреби овие  коцки за уредување на јавни површини низ градот.

По завршување на подготовките, Општина Битола со ЈП „Нискоградба“ ги отпочнаа градежните активности за реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп. Од општинскиот буџет ќе биат издоени 8,5 милиони денари, а дополнителн средства обебзбеди ЈП за државни патишта.

Екипи на  јавното претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.

Санација и реконструкција на патниот правец од Битола за грчка граница,  на оној од Битола за Новаци и санација на влезот од страната на Прилеп,  како проекти се вклучени во годинешната програма на Агенцијата за државни патишта на РМ. Ова било договорено  на вчерашната средба меѓу битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов.

Со ова во идниот период се очекува да бидат реконструирани овие патни правци кои досега беа само крпени и поголеми инфраструктурни зафати немало подолго време, со исклучок на излезот за Прилеп кој преку прокет на ЕУ беше самиран но до бензиската на „Лук Оил“, а патот понатаму не наликува на градски приод. Во слична ситуација е и патот за грчка граница каде минатата година кога се крпеа дупките, ставениот асфалт место со валјак, работниците го тапакаа со нозе.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани