2win800x200

Почнаа подготовките за реконструкција на сообраќајниот влез во Битола од страната на Прилеп

Март 28, 2018

Екипи на  јавното претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.

Реализацијата на проектот се врши на иницијатива на општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во рамки на програмата „Рехабилитација на регионалните патишта“.

– Реконструкцијата на влезот во Битола или влез од страната на градот Прилеп ќе се одвива фазно. Денес ги поставуваме сообраќајните знаци, ограничен режим и насока на движење со што ќе им се овозможи на возачите лесно адаптирање и можност за соработка и разбирање со нашите екипи. Според планот, реконструкцијата ќе се одвива во насока од Битола кон Прилеп и целосно ќе биде отстранет асфалтот кој во минатото бил прилепуван во слоеви или крпен на повеќе места кој долго време е нефункционален. Ќе се интервенира подлабоко, ќе се извади камената коцка која со децении е на патот и ќе се постави нова атмосферска канализација бидејќи сегашната е целосно оштетена, изјави Методи Силјановски, директор на „Нискоградба“, за МИА

Според проектот, отстранувањето на асфалтот почнува по десната страна од коловозот во насока на Прилеп и прво ќе биде саниран најоштетениот дел до излезот на населеното место Горно Оризари.

– Сообраќајниот излез на населеното место Горно Оризари, всушност е и излез од територијата на општина Битола, а потоа почнува индустрискиот дел кој е од двете страни на регионалниот патен правец Р1101 кој води до сообраќајната клучка и разделница на патот Охрид-Битола-Прилеп-Демир Хисар. Во овој момент е важно нашите екипи кои се стручни за нискоградба да ја постават новата атмосферска канализација бидејќи дождовните води што се собираа и задржуваа на патот, истовремено и го оштетуваа, посочи Силјановски.

Реконструкцијата на Северниот влез во Битола се очекува да заврши за неколку месеци.

извор МИА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани