АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најпрво целосно ќе се отстрани асфалтот, а потоа ќе се извадат старите коцки од улицата „8 Септември“ во Битола, чија реконструкција почна денеска. Станува збор за влезот од страната на Прилеп, каде јавното претпријатие„ Нискоградба“, покрај обврската за изградба на канализациската мрежа, треба да ја отстрани коцката. Општината во иднина ќе ги употреби овие коцки за уредување на јавни површини низ градот.
-Инсистирав да не се покрива коцката со слој на асфалт, како што досега било практикувано. Таму каде ќе биде поставена афалтна маса, а настојувам коцките да се извадат затоа што истите можат да се употебат за уредување на нашиот град. Целата коцка која што од тука ќе ја извлечме ќе ја искористиме за други места, изјави градоначалничката Наташа Петровска.
Коцката ќе се складира во стопанскиот двор на ЈП „Нискоградба“ .