АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожар избувна вечерва под тунелот кај обиколницата над Битола, а по пријавата на апла.мк противпожарната единица веднаш излезе на терен и се уште интервенира на опожареното место.
Попладнево пак се активира пожарот во близина на пелгониското село Беранци. На терен се пожарникари од ТППЕ Битола и членови на Дирекцијата за заштита и спасување кои се обидуваат да го изгаснат огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнаа во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Патници во километарски колони возила со часови се загалвени на Плетвар поради густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот Прилеп-Росоман е во прекин во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.
Вчерашниот пожар во старата битолска чаршија уште еднаш на мегдан го изваде нашиот сеирџиски менталитет.
Пожар избувна попладнево на ридот над Стрежевска населба. Од Територијалната противпожарна единица велат дека нивните екипи се на терен, а испртено е и второ возило да интервенира. Тврдат дека нема опасност за околните куќи и дека огнот е под контрола. На ридот гори трева и нискостеблеста шума