2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се заменуваат азбестните водоводни цевки со нови од полипропилен на улицата „Климент Охридски“ во Битола

Октомври 01, 2018

Старите азбестно- цементни цевки на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ во Битола  се заменуваат со нови полипропилентски цевки, по што  комплетно се менува  водоводна инстраструктура со приклучоците.

 

-Динамиката на промена на азбестно-цементни и гусени цевки со нови еколошки полипропилентски  е добра и се движи согласно планот за работа на Општина Битола . Првиот дел на улицата „Климент Охридски“ од приклучокот кај улицата „Партизантска“ до улицата  „Питу Гули“  е завршен пред пет дена и на него се извршуваат припреми за асфалтирање. Така што најдоцна до четврток нашата работа како ЈКП „Водовод“ ќе биде комплетно завршена, вели директорот на ЈКП „Водовод“ Битола, Горан Козаров.42829196 251614815545767 8862918246567772160 n

Реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ на потегот од семафорите со улицата „Партизанска“ до крстосницата со улицата „Солунска“ започна на 4 септември, со целосна замена на  канализационата и водоводната мрежа, а потоа и коловозот кој ќе биде преасфалтиран.

42835843 385869251952575 1089798937193218048 n

Зафатот ќе чини 10 милиони денари. 

Останатиот дел од улицата „Климент Охридски“ ќе биде реконструиран во следниот период кога ќе се работи на Пречистителната станица. Така што дел од улицата „Солунска“ до „Леринска“ ќе биде опфатен со Пречистителната станица и ќе има корекции во основниот проект во однос на дијаметарот на канализационата цевка.

42836839 325832161575783 3876063072443432960 n42858894 347974299283079 553473597708959744 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани