Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денеска ќе се одржи  10-та седница на Советот на Општина Битола со 8 точки на дневниот ред. Пред советниците ќе се најде годишниот извештај за работата на Територијалната противпожарна единица на Битола за 2025 година, како и годишниот извештај за работата на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Крсте Мисирков“ Битола за 2025 годинаа, а ќе се  утврди највисок износ на надоместок за користење на објектот Е-24-полигон од страна на испитните центри.

Дневниот ред има осум точки:

1. Годишен извештај за работата на ТППЕ Битола за 2025 година.

2. Годишен извештај за работата на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Крсте Мисирков” Битола за2025 година.

3. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ “Елпида Караманди” Битола.

4. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ “Крсте Петков-Мисирков” с. Бистрица, Битола.

5. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на највисок износ на надоместок за користење на објектот Е–24–полигон од странана испитните центри (КЈП Нискоградба Битола).

6. Решение за давање согласност на Одлуката за линерано зголемување на платите во МЈП ПЕЛА ЛИНК Битола во нето износ од 1.667,00 денари, согласно “Службен Весник на РСМ” бр.  63/2026 од 25.03.2026 година.

7. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на СОЕУ “Јане Сандански” Битола.

8. Решение за именување на член во Училишен одбор на ООУ “Д-р Трифун Пановски” Битола.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, која ќе се одигра на 29 април во 20:00ч. на сцената на НУ Народен театар Битола.

Оваа современа драмска приказна носи интензивна сценска атмосфера и се занимава со теми што длабоко ја допираат современата реалност -одговорноста, вината и сложените односи меѓу луѓето. Во центарот на дејството се наоѓа средба меѓу мајка и наставничка, кои низ искрен и напнат разговор се соочуваат со последиците од настан што ги менува нивните животи.

Претставата отвора простор за размислување за предизвиците на современото општество, особено за улогата на образованието, комуникацијата меѓу генерациите и начинот на кој возрасните влијаат врз развојот на младите. Со силен драмски набој и впечатлива актерска изведба, „Гидионовиот јазол“ ја вовлекува публиката во приказна што поставува прашања без едноставни одговори.

Со оваа претстава фестивалот го заокружува своето издание со моќна театарска порака – претстава која поттикнува дијалог и остава силен одек кај публиката и по завршувањето на изведбата.

ВЕЧЕР НА ШЕКСПИР ВО УТОПИА - БИТОЛА: ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ДЕЦЕНИИ ТРАДИЦИЈА НА ЖИВА ЛИТЕРАТУРА

 
Во Битола вечерва ќе се одржи традиционалната „Вечер на Шекспир“, настан кој повеќе од две децении ја негува и афирмира класичната литература и нејзината современа интерпретација.
 
Настанот се одржува во месец април, кога на светско ниво се одбележува Денот на Шекспир, поврзан со датумот на неговото раѓање, што му дава дополнителен контекст и симболика на ова издание.
 
Организатор е Македонско-британското друштво „Во чест на великанот Шекспир“, а зад континуитетот на оваа културна иницијатива стои професорката Лилјана Спировска, која од 1998 година ја развива и одржува оваа традиција во Битола.
 
Годинава, Шекспировата вечер ќе се одржи во UTOPIA Book Club, на 29 април (среда), со почеток во 19:00 часот. Влезот е слободен.
 
Програмата вклучува изведби на сонети и монолози од Вилијам Шекспир, интерпретирани од ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои ќе настапат на оригиналниот англиски јазик, доближувајќи ги текстовите до публиката на непосреден и жив начин.
 
Како што истакнува Спировска, оваа вечер не е само културен настан, туку процес што трае со години:
 
„Во Битола, Шекспир не доаѓа еднаш годишно. Некој го носи со себе цел живот. Постојат луѓе што не прават само настани, туку создаваат навика. Од 1998 наваму, се обидуваме да го вратиме Шекспир таму каде што најмногу припаѓа, меѓу луѓето, како жив текст. Учениците не го учат како лектира, туку го живеат низ јазикот, емоцијата и сцената.“
 
Таа додава дека прашањето „зошто Шекспир“ се повторува секоја година, но одговорот останува релевантен:
 
„Можеби затоа што, како што вели Jorge Luis Borges, никој не успеал да создаде толку многу луѓе во еден свет. Освен Бог. Или поедноставно, затоа што сѐ уште сме тие карактери.“
 
Со нова сцена, но со иста идеја, Шекспировата вечер продолжува да ја гради врската помеѓу класичната литература и современата публика, потсетувајќи дека големите текстови не припаѓаат на минатото, туку на секое време во кое повторно се читаат и изведуваат.

НОВИ ИНФО ТАБЛИ ЗА ПЕЛИСТЕР

 FB IMG 1777442852403
Пелистер добива нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој има за цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор МОЛИКА или познат како МАКЕДОНСКИ БОР. За почеток нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна со истиот дизајн ќе следи и поставување на нови табли на планинарските и на велосипедските патеки. Македонскиот бор кој е пронајден на Баба планина во 1839 година скоро два века наназад ја раскажува приказната за НП Пелистер како жив музеј на богатиот биодиверзитет, богатата историја и нераскинливата врска помеѓу локалното население и природата. FB IMG 1777442861641 

Зоран Стојчевски е избран за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола. Веста за назначувањето, за АПЛА ја потврди самиот Стојчевски.  Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ по изборот на Стојчевски за АПЛА изјави - "Зоран Стојчевски е назначен за претседател на ОО на СДСМ Битолс. После долги консултации со членство, од денес очекувам сите да застанат позади новото раководство на општинската. Крајната цел е разобиличување на оваа ненародна власт како на централно така и на локално ниво, изјави Димитријевиќ.  Лидерот на СДСМ Венко Филипче се одлучи за највозрасниот кандидат од шесте кандидати кои беа пријавени на јавниот оглас на партијата за Битола. b31327467ef74a7f2de3a7b2ab7aac48 XL Стојчевски е актуелен член на Централниот одбор на партијата и поранешен советник во Советот на Општина Битола.   Текст Анета Блажевска 

ГОСТИ ОД ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

 
Битола по 27 пат е домаќин на Интернационалниот фестивал на Монодрама кој годинава се одржува под мотото „Огледало на вистината“ 
 FB IMG 1777355193506
Уметничкиот свет, учесници на фестивалот беа примени од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
 
„Задоволство беше да се поразговара со нив, особено да ги слушнам нивните впечатоци од престојот во Битола и од програмата од која се дел на овој фестивал“ истакна градоначалникот.
 
Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски со уметниците од Романија, Казахстан/Данска, Бугарија, Украина/Полска, Грузија, Египет, Италија, Ерменија и од Македонија, ја искажаа благодарноста за гостопримството и за поддршката која Општина Битола ја дава на овој значаен фестивал.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани