2win800x200

Собранието на Здружението на пензионери ги прифати извештаите за работењето од минатата година

Февруари 24, 2022

Собранието на Здружението на пензионери Битола во два наврати, поради пандемијата, денес на својата 17 седница под претседателство на Крсте Белевски, го прифати извештајот за работата како и Финансовиот извештај за 2021 година. Исто така се одржа и седница со претседателите на месните ограноци..нови 2

Белевски со жалење констатира дека поради ковид-19 целокупно не беа реализирани сите програмски активности, особено оние кои беа планирани за рекреативно - активно старењее на пензионерите, културно-забавниот и спортскиот живот, како и предвидените екскурзии и посети на збратимени здруженија . Сепак, средствата што требаше да се искористат за таа цел, Здружението ги намени за доделување на хуманитара помош на 1300 ваучери по 1000 денари, доделување во  три наврати пакети со прехрамбени производи за пензионери со ниски примања .нова 4

Доделени беа 500 шишиња вода за пензионерите кои во летните жештини чекаа пред банките, наплатните центри и другите инситуции, како и финансиска помош за пензионерите со тешки заболубања.

Претседателката на Здружението, Даница Петличкова, пред присутните истакна дека организирано е запишуавњето на огревно дрво за оваа година преку месните ограноци за пензионерите-членови на здружението, кои ќе ги плакаат на повеке рати .

-Клубот на пензионери ќе започне со работа доколку се олабават здравствените мерки,- истакна Петличкова

нови 5

Валентина Станојоска вработена од стручната служба во своето излагање за финансиското работење на Здружението на пензионери, по завршната сметка за 2021 год. , изнесе дека се работело транспарентно ,рационално и економично, согласно законските прописи.ново 6

ново 7 в

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани