2win800x200

Битола подготвена за 37 –издание на „Малиот Монмартр“

Мај 21, 2018

Битола е подготвена за 37 издание на „Малиот Монмарт“ кое ќе трае од 23 до 30 мај. Манифестацијата ќе започне во среда вечер во 21 часот со отворањето на 36 Светска изложба во објектот во Старата битолска чаршија.  Преку сто и десет гости од 16 земји во  светот, денеска и утре пристигнуваат во Битола.

-Битола во наредните седум дена ќе биде еден од најголемите детски ликовни центри за младите таленти од светот.

Битола ќе биде оаза на млади ликовни творци, таква светлина и толку голема афирмација што е реткост во светот. Годинава на конкурсот учествува 38 земји од светот, испратија 12 илјади цртежи, а што сум уште порадосен  Светската изложба после 15 години лобирање го добива заслуженото значење влезе во програмата  на Министерството за култура како културна манифестација  од посебно значење за државата, рече творецот на „Малиот битолски Монмартр“,  Коста  Хаџиантоновски.

Гостите  на Монмартр   во недела на 27 мај ќе  творат и во Охрид.  

Екипата од Моска, Русија пристигна во градот да учествува и да твори на тема стара битолска архитектура.

-Туку доаѓаме со години наназат , можеби речиси 15 години по ред  доаѓам само јас. Ова не  е радост  само за нас што сме туку како ученици, туку од учеството на оваа манифестација гледаме и многу поголема полза, рече наставникот по уметност Всеволод Руманков, од  московското училиште „N1955-Москва“.

Хаџиантоновски, кажа дека е задоволен од добиените финансии од Министерството за култура и од помошта од општина Битола. Станува збор за околу 700 000 денари од Министерството за култура за неколку проекти.

-Јас сум задоволен за финансиската конструкција, четири проекти влегоа во програма на Министерството за кулура, и поради тоа сум навистина радосен. Исто така и градот ни помага и ќе ни помогне доколку имаме проблеми со финансирањето, зошто досега 11 години ја немавме поддршката од Општината, рече Хаџиантоновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани