2win800x200

Состанок во Виена на производителите на електрична енергија од Енергетската заедница

Мај 13, 2022

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски учествуваше на Четвртиот кординативен состанок на компаниите за производство на електрична енергија на Енергетската заедница кој се одржа во Виена.

Директорот Ковачевски ја презентира актуелната состојба со електро-енергетскиот систем во Р. Северна Македонија, со акцент на менаџирањето на енергетската криза, односно кризата со електрична и со топлинска енергија. На состанокот, Р. Северна Македоанија е оценета како една од подобрите држави во однос на менаџирањето на енергетската криза, со силна поддршка од Владата и со АД ЕСМ како носител на сите проекти за справување со кризата.

Во заклучоците од состанокот се констатира дека претстои тешка 2022г и тешка следна грејна сезона. Се постигна согласност дека е потребна подобра и навремена подготвеност на сите држави во регионот за стабилна продукција и испорака на енергија, особено за грејната сезона 2022/23г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани