2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанец покрена акција да се донесат мошти на Свети Јован Шангајски во Битола

Јули 01, 2018

Денес христијаните го празнуваат Свети Јован Шангајски, празник посветен на светецот кој пред 90 години бил професор на битолската Богословија. Тој во 1928 година со синодска одлука бил испратен да предава во Битола, каде бил запаметен како вистински Христов светилник. За него и тогашниот охридско- битолски екископ Николај Жички рекол: „Ако сакате да видите светител, одете во Битола кај отец Јован“. Уште во Битола бил познат како голем испосник и молитвеник. Секојдневно служел литургија и никогаш не спиел лежејќи во постела. Никој не го имал видено да се разлити, туку помагал на другите.

 

Го нарекуваат Шангајски, зашто по заминувањето од Битола во 1933 година бил хиротонисан за епископ, а наредната година востоличен за митрополит на Шангајската епархија. Се раскажува дека со иконата на Свети Наум Охридски одел по болниците и им читал молитви на болните Кинези и многумина исцелил.

Потоа околу една деценија од 1951 до 1961 година служел во Западно – европската епархија, па заминал во Сан Франциско, САД, каде изнемоштен од мисионерско – пастирската дејност, се упокоил на втори јули 1966 година откако отслужил литургија во градот Сиетл.

По повод празникот на Свети Јован Шангајски денес во храмот „Св. Тројца“ ќе се служи свечена литургија, а потоа ќе се дели и ручек за верниците.

Моштите на светецот се наоѓаат во Сан Франциско, а битолчанецот Перица Поповски прави обиди во Битола, градот каде пред безмалку еден век го ширел христијанството, да се донесе барем парче од неговите мошти.36425037 1755698441210477 2844604948069482496 n

„Го нарекуваат Шангајски, Санфранциски, Битолски. Направив еден мост измеѓу Сан Франциско, односно Holy Virgin Kathedral каде што е телото на светецот и Битола, благодарејки на Македонецот Стојан Серафим Андов. Се залагаме да донесеме свети мошти во Битола од светецот бидејки дал огромен придонес во Битола и пошироко, а јас добив на поклон икона од Св. Јован Шангајски. Инаку, веќе во Македонија донесени се мошти од него и се наоѓаат во манастирот ‘Св. Јован Бигорски’ “, вели Поповски.

Тој додава дека црквата од Сан Франциско одличува на кого ќе му додели мошти. Но, убаво е да се побара и од манастирот „Св. Јован Бигорски“ да се донесе иконата и светите мошти на целивање во Битола, како и дел од неговата мантија .ioann shanhajski

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани