2win800x200

Денационализацијата ја „доруши“ поранешната текстилна фабрика „Хераклеа“

Јули 15, 2018

Денационализацијата не ја „спаси“ поранешната текстилна фабрика „Хераклеа“, туку ја досруши.

Неколку разурнати  објекти сместени на „Булевар 1-ви Мај“ во густо населената населба „Црн мост“ се остатоците од поранешната текстилна фабрика „Хераклеа“ и воедно грдата слика на Битола. Што е уште пострашно руинираните објекти се сериозна закана за безбедноста на соседите, нивните домови и минувачите.

Објектите од поранешната фабрика имаат стотици сопственици.

Новоизградениот дел од фабриката, со Решение  СТ бр.322/94 од  28.05.1996 г.,на Окружниот стопански суд во Битола, пренесен е во сопственост на 267 работници и други доверители.

Стариот објект од фабриката, со дворното место, со истото решение, пренесен е на  Агенцијата на РМ за трансформација на претпријатијата со општествен капитал-Скопје, како имот на поранешни сопственици.

Битолчанецот Петар Георгиев е еден од наследниците на стариот објект на поранешната фабрика „Хераклеа“.  Според него вандалското разграбувањето на стариот објект започнал веднаш после завршувањето на стечајната постапка во 1996 година, период кога се уште не беше донесен Законот за денационализација (1998 г) и време кога  наследниците немаа правна можност да поведат  било каква постапка во насока на заштита на објектот.

-Причините за ваквата состојба се попречувањето на наследниците решенијата за денационализација да ги спроведат во катастарската евиденција, што е нужен услов  истите да се легитимираат како сопственици на дел од објектот и понатаму да можат да превземат дејствија за одржување и санирање. Факт е дека Р.Македонија, после завршувањето на процесот за денационализација, стана траен и вистински сопственик на останатиот дел од 50% од објектот, која ниту во еден момент не најави  било каков интерес во смисла на “спасување на објектот“, вели Георгиев.  

Како адвокат и добар познавач на состојбите, Георгиев наведува дека спроведената стечајна постапка и доделувањето на  недвижниот имот (новите градби) во сопственост на 267 работници, кај секој од нив посебно, никогаш не создаде чувство на вистински сопственик на недвижен имот па „резултатот од тоа е конфузија во која сопственоста ја губи својата смисла, а последицата е претворање на објектите во рушевина“, наведува тој.

Георгиев сочувствува со загриженоста на соседите,смета дека е оправдана. Извесна е опасноста од штета на нивниот имот, во случај дел од  ѕидовите, под забот на времето да се „истурат“ во нивните дворни места.

- Меѓутоа, треба да се има во вид дека нашиот удел, како наследници, е минорен во однос на целата рушевина од објекти. Се работи за 4 до 5 објекти, меѓусебно поврзани во еден, така што решението на цела оваа неодржлива ситуација  не може да се бара од нас, вели Георгиев, нагласувајќи дека „чувството за лошата слика, за нас, е  многу подлабоко и потешко, затоа што во таа рушевина лежи  и наш семеен  имот, наследен, кој во постапката за денационализација државата ни го врати само на хартија, без да имаме било каква можност тој имот да си го заштитиме, вели тој.

Фабриката била основана  во јануари 1933 г.,во Битола, под назив  “Битолска текстилна индустрија КД(командитско друштво) “-Битола,од страна на 24 задругари, со вложување на почетен сопствен капитал во износ од 2.000.000 тогашни динари, чии производи се наоѓале на пазарот на Кралството СХС.

Во полна работна и финансиска кондиција фабриката работела  се до 1946 година, кога од страна на новата држава била одземена со целиот нејзин подвижен и недвижен капитал. По конфискацијата, продолжува со работа  како државна фирма.

Во шеесеттите години од минатиот век, на стариот објект извршени се доградби. Така фабриката функционира  се до спроведената стечајна постапка.fab

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани