Издвоени 3,5 милиони денари за доизградба на колекторскиот систем на Пелистер

Јули 16, 2018

Министерството за животна средина издвои 3,5 милиони денари за доизградба на колекторскиот систем кој ќе ги опфаќа отпадните води од  Потпелистерските села, најави денеска заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Со ова треба да се реши еден децениски горлив проблем во Потпелистерието, каде отпадните води ја загадуваат околината, како и водата од пелистерските извори.

Според анализите на Центарот за јавно здравје сите села под Пелистер кои не се приклучени на градскиот водовод, имаат бактериолошки загадена вода, а неисправна е и водата од јавните чешми.

Од  објектите  во Националниот парк„Пелистер“ се чувствува непријатна миризба од старите и нефункционални септички јами.

Реализацијата на проектот за доизградба на колекторскиот ситем на Пелистер е од исклучително значење за зачувување на животната средина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани