2win800x200

Одбележани 74 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

Септември 06, 2018

Претставници од Сојузот на борците во Битола, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, од неколку политички партии, како и ученици од основното училиште „Стив Наумов“, денеска ја одбележаа 74 годишнината од бегството на политичките затворенци од бугарскиот фашистички затвор кај Црн Мост. По тој повод, присутните положија цвеќе и му одадоа почит на загинатите борци.

-Денеска се потсетуваме на плејадата борци кои ги положија своите животи за одбрана на татковината, Република Македонија. Нека им е вечна слава, рече претседателот на битолата боречка организација Александар Трајковски, кој на учениците им одржа историски час за овој настан.

zatvor 2

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека идеалите на овие луѓе треба да бидат мотив за денешните генерации

-Се наоѓаме на ова место да се потсетиме на 250 политички затвореници од антифашистичката борба во Втората светска војна за слобода на Република Македонија. . Овде сме не само да се потесетиме туку и длабоко да се поклониме на нивното дело. Тие луѓе покажаа како може и од затвор и во тешки услови да се делува за својата татковина и да се борат за нејзината слобода. Тоа нека биде мотив за сите нас денес, да се избориме Република  Македонија да влезе во обиденета Европа, да бидеме Македонци, со македонски јазик и да си ја сочуваме вредноста за која сме се бореле сите изминати години. Тоа е нашиот долг и заветот од минатите генерации, рече градоначалничката Петровска.

апла.мк 

На денешен, 6 септември, 1944 година 

На денешен ден 6 септември 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија.

Фашистичкиот воено-полев суд во Битола изрече казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживиотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

Цело време таму функционираше затворски комитет на комунистите, кој од средината на 1944 година формирал и затворски воен штаб, кој пак беше ангажиран околу поодготовки на бегството на политичките затвореници. Во затворот излегоа три броја на илегалниот затворски весник "Наш пат".

Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичка окупација.

подговтил д-р Александар Литовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани