2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Храбри сме ние што останавме во Македонија, ние треба да решиме за иднината на нашата земја“, рече Софија Ристевска, режисер и актер

Септември 09, 2018

„Сакам да се врати надежта кај сите нас дека може да се живее подобро, сакам да не емигрираме, сакам моите пријатели да се вратат назад, сакам и ние да бидеме дел од Европа, затоа што ние сме Европа“, рече битолчанката Софија Ристевска, режисерка и актерка, сопственик на Интимен театар, во обраќањетото пред своите сограѓани на митингот „За европска Македонија“ што вечерва се одржа во Битола,

-Сите ние сме многу важни, без сите нас нема држава, ние сме храбрите што останавме тука, единствено ние имаме право да решаваме каква ќе биде иднината на нашата држава, ние што немаме бугарски пасоши, ние што имаме гордост и достоинсво, знаеме што е најдобро, најдобро е да гласаме ЗА на референдумот на 30 септември, рече меѓудругото Ристевска

Таа кажа дека живеела во соседна Бугарија во време кога кога стана дел од еврпското семејство, поради што добро знае кои се придобивките од влезот во ЕУ.

-Се школував и долго време живеев во наша соседна држава која во 2007 влезе во ЕУ и пред мои очи гледав како една екссоцијалистичка држава со многу проблеми во полтичкото опкружување и општествено организрање почна да се движи напред. Влегоа многу пари во Бугарија од европските фондови, се изградија многу патишта, гледав како се организираше животот во градовите и како се развива малите локлани заедници. А јас не можев да учествувам на разни семинари и фестивали затоа што не бев од ЕУ. Моите колеги одеа напред, сакам и јас да одам напред, сакам моето дете да оди напред, не сакам да гледам сиромаштија, сакам подобар живот и верувам дека со влегувањто во ЕУ ќе можеме да ја добиеме таа шанса, рече Ристевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани